Пејачката Ксенија Пајчин на 16 март 2010 година беше брутално убиена од нејзиното момче, моделот Филип Каписодa, кој потоа и самиот си пресуди. 12 години подоцна, мотивот за убиството сè уште е нејасен. Низ годините се појавија многу полемики, но најчеста беше таа дека Каписода ја убил Ксенија поради љубомора.

Познатиот српски приватен детектив Браца Здравковиќ детално опишува што всушност се случило таа кобна ноќ.

Мотивот за ова убиство не е љубомора, туку нешто многу помистериозно и многу посериозно. Во печатот беше објавено дека Филип Каписода бил многу љубоморен, но тоа не е точно. Филип бeше момче од светот на модата, со Ксенија одеше по ноќни клубови каде што таа настапуваше, бил сведок кога таа имаше физички контакт со публиката додека пее. Таа се галеше и речиси разменуваше нежности со одбран гостин за време на нејзиното пеење и настапи. Филип сето тоа го сфаќаше и го гледаше како нејзина работа. Дури и таа самата еднаш рече дека Филип е единствениот човек кој ја разбира нејзината работа и дека воопшто не му пречи. Тоа, сепак, беше вистина, па љубомората, која се издвојува како мотив за ова убиство, паѓа во вода, вели детективот Браца за „Еспресо“.

Непосредно пред трагедијата тие раскинале, се смириле ноќта пред убиството, а соседите откриле дека полицијата во неколку наврати морала да интервенира поради нивните бурни караници.

Клучот за оваа хистерија и однесувањето на Филип се наоѓа во неговиот телефон. Тој ден сè беше идилично. Беа во ноќен провод, се смирија, заедно се, се сакаат. И сето тоа траеше до доцна вечерта, додека Ксенија не му го зеде телефонот. Таа, како и секоја љубопитна девојка, погледна во телефонот на Филип и детално испита со кого се допишува нејзиното момче. Ксенија прочита пораки од личност која многу добро ја познава и веќе беше сто проценти сигурна дека тоа е личноста со која Филип ја изневерувал. Таа веднаш го разбудила и почнала да се расправа со него. „Те бара љубовницата“, му рекла. Додека траела кавгата таа цело време се облекувала за да си оди. Филип се обидел да ѝ објасни, да ја смири, но не успеал, вели детективот.

Според детективот, кавгата ексалирала зошто тоа била личност на која Ксенија бескрајно ѝ верувала.

Не можеше да прифати дека Филип е во прегратките на личноста на која Ксенија бескрајно ѝ веруваше. Ништо не можеше да го заузда нејзиниот гнев во тој момент поради ова големо предавство и затоа му рекла: „Одам кај мојот пријател (кој поседува моќна телевизија) да го каже сето ова јавно и ќе им се јавам на сите новинари, ќе видите, ќе ве уништам“, открива Браца.

Според информациите на Здравковиќ, пораките во телефонот на Филип биле толку скандалозни што би го уништиле неговиот углед, но и угледот и бракот на личноста што ги испратила.

Ксенија го зеде телефонот, го стави во чантата и панично се упати кон вратата. Филип испаничил, го грабнал пиштолот, го репетирал и испукал куршум во задниот дел од вратот на Ксенија. Дури кога таа падна, тој сфати што направил, дека станал убиец, и тоа на личноста што ја сакал најмногу на светот. Свесен што направил, брзо го извадил телефонот од чантата на Ксенија и ги избришал сите пораки, па дури тогаш си пресудил со истиот пиштол. Според неговиот татко, тоа е единствената чесна работа што можел да ја направи по убиството. Значи, не бил Филип тој што бил љубоморен, туку Ксенија била таа која била подготвена да направи скандал. Во секој случај, се што е направено не може да го оправда Филип, нема оправдување за тоа што го направи, заклучува детективот Браца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.