Пејачката Тејлор Свифт, која во моментов е на светска турнеја, имаше голема непријатност на нејзин концерт. Нејзината обожавателка Ана Клара Беневидес почина на Естадио Олимпико Нилтон Сантос во Бразил, додека присуствувала на концертот на пејачката.

Сомнежите се дека се работи за срцев удар, а меѓу другото се наведува дека на преполниот концерт температурата била близу 40 Целзиусови степени.

Бразилскиот весник „Фола Де Сао Паоло“ ја објави веста за смртта на девојката. Во извештајот се вели дека лекарите се обиделе да ја оживеат откако ја префрлиле во локална болница, но напорите биле залудни.

Поради високата температура на стадионот, Тејлор Свифт побара од персоналот да им даде вода на луѓето кои доаѓаат на концертот на влезот. Обожавателите објавија видео од концертот каде пејачката фрла шишиња со вода во толпата.

Вечерта на концертот во Рио де Жанеиро било 37 степени Целзиусови, но бразилскиот печат објави дека се чувствувало како 45 степени во градот.

По смртта на Ана Клара, Свифт на Инстаграм изрази сочувство до семејството и неверување дека ваква трагедија се случила пред почетокот на концертот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.