Најавен е биографски стрип за американската пејачка Тејлор Свифт. Илустрираната книшка со 22 страници го прикажува подемот на современата „поп-кралица“, со нагласка на некои од нејзините достигнувања во кариерата.

Стрипот е дел од серијата „Силата на жените“ (Female Force) на „Тајдалвејв комикс“ (TidalWave Comics) којашто раскажува за „успешни и влијателни личности“ во литературата, забавната индустрија, политиката и други категории.

Секако дека Тејлор Свифт заслужува свој стрип! Таа носи шарени хулахопки и се бори со корпоративните негативци кои се обидуваат да ги искористат своите пари за да ја контролираат. Единствената друга личност што одговара на тој опис е Кларк Кент (Супермен, з.п.)… Но, дури и тој не би можел да го напише (албумот) „1989“, изјави Ерик М. Ескивел, кој е автор на стрипот.

Стрипот ќе излезе на 13 декември и ќе биде достапен со мек и тврд повез како и дигитална верзија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.