Актерката од хит-серијата „Анѓелко и Анѓелка“ Анѓелка Прпиќ чека дете со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, а како што пишуваат српските медиуми, тој со месеци не знаел за нивната врска

Ни на крај на памет не му паѓаше дека Анѓелка ќе влезе во врска со човек со кој со години беа најдобри пријатели. Требаше дури и да му биде кум. М.Ж. со години доаѓал кај нив дома. Не можел ни да помисли дека освен пријателство, тој може да има нешто повеќе со поранешната сопруга Анѓелка, поради која ја оставил и девојката со која бил во врска 11 години. Кога една блиска личност му кажала дека се заедно неколку месеци и дека чекаат дете и дека сè му кријат, тој остана шокиран. Со денови не можеше да си дојде при себе. Воопшто не се сомневаше дали се работи за лага или озборување, бидејќи таа личност е многу блиска со Анѓелка и детално е запознаена со нејзиниот живот, вели извор за српски „Курир“.

Дарио Прпиќ само накратко ја прокоментира врската на неговата поранешна сопруга и другарот.

Слушнав, но навистина не сакам да коментирам, изјави тој за медиумите, не сакајќи да навлегува во целата приказна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.