Шакира се враќа во Барселона, за да се подготви за судењето против даночните власти. Пејачката ќе седне на обвинителна клупа на 20 ноември.

Колумбиската пејачка ќе мора да седне и да одговара пред Ауденција Национал (Врховниот суд) за шесте точки по кои е обвинета. Имено, таа е обвинета за наводна измама од 14,5 милиони евра за неплаќање данок на доход во финансиските години 2012, 2013 и 2014 година.

Всушност, уметницата планира да слета во Барселона денес, и тоа ќе го направи во придружба на нејзините деца Милан и Саша. Нејзината цел – како што пишуваат странските медиуми – е детално да го подготви судскиот процес кој ќе се одржи за девет дена, но претходно ќе ја посети Севилја, каде ќе присуствува на 24. Латино Греми Гала, кој ќе се одржи во Севиља, а на овој голем шпански настан има многу шанси да победи бидејќи има неколку номинации.

Според странските медиуми, децата во овој период ќе бидат под старателство на нивниот татко Жерар Пике, кој овој месец не отпатувал во Мајами за да помине време со нив, поради работните обврски,  пишува шпанскиот весник El Periodico.

Судењето на Шакира ќе опфати 12 рочишта закажани за 22, 23, 28, 29 и 30 ноември, како и на 4, 5, 11, 12, 13 и 14 декември.

Во судницата ќе има 200 сведоци. Колумбијката може да се соочи со казна затвор од осум години и два месеци, како и парична казна од речиси 24 милиони евра во случај да се докаже даночната измама.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.