Старлетата Сораја Вучелиќ доживеа несреќа во петокот вечерта на границата со Албанија, а со неа во автомобилот биле и нејзината пријателка и нејзината сестра. По страшната несреќа, во исповед за српскиот медиум „Република“ таа изјави дека се моли за неа да преживее и пали свеќи за нејзиното здравје.
Имено, сестрата на Сораја од Црна Гора, која не сака да се експонира во јавноста, за сајтот открила дека Вучелиќ се бори за живот бидејќи има внатрешно крварење во стомакот, кое и понатаму предизвикува компликации опасни по живот.
– Сара има големи повреди во стомакот и затоа дошло до двократното крварење, како што велат медицинските експерти кога станува збор за овие работи. Заедно со слезината се згрутчуваат неколку внатрешни органи, па токму тогаш се случува оваа појава – рекла сестрата која открила и дека виталните функции на Сораја сѐ уште се загрозени:
-Се молам постојано да не умре, се надевам дека ќе излезе жива! Палам свеќи за нејзиното здравје, сообраќајната беше страшна. Таа го преживеа најлошото затоа што возеше, ние поминавме без поголеми повреди.
Сестрата на Сораја, која била во автомобилот со друга пријателка и старлетата, вели дека хаосот настанал кога возилото зад нив почнало да претекнува, додека автомобилот од спротивната лента се движел пребрзо, па се судриле сите три автомобили.
– Не знам во каква состојба се луѓето кои беа во другите автомобили. Беше страшен судар, а сето тоа поради човек кој брзаше да не претекне. Се гледаше дека вози брзо, но и човекот пребрзо одеше од спротивната насока. Тоа се моменти на невнимание, погрешно проценета брзина и толку. Ништо повеќе не можеше да се направи. Мислевме дека некој ќе закочи за да избегнеме сѐ, но немаше можност за тоа, вели сестрата на Сораја.
Познатата старлета сега е во приватна клиника во Хрватска, каде лекарите постојано ја следат нејзината состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.