Актерката Анѓелка Прпиќ веќе некое време е главна тема во јавноста поради својот приватен живот.
Некои ја осудуваат, некои ја бранат, но изгледа дека скоро нема рамнодушни кога е оваа тема во прашање. Анѓелка не се огласува и не дава изјави, а на нејзиниот Инстаграм профил стојат само објави поврзани со работата.
Меѓутоа, таа беше на снимањето на една емисија, па пејачката Јелена Брочиќ објави фотографија со актерката и нејзиниот колега, актерот Џорџе Стојковиќ.
Ми го разубавивте денот, напиша Јелена во описот на фотографијата.
На фотографијата Анѓелка носи широко сако и рацете ги ставила пред себе за да не се забележи нејзиниот стомак, а медиумите со денови зборуваат како актерката е во петиот месец од бременоста. И не само што нејзиниот стомак не се забележува, туку Анѓелка делува многу послабо од вообичаено.
„Нејзините пријатели не можат да ја препознаат. Не сака да комуницира со блиските луѓе, се плаши дека некој нешто ќе каже, па тоа ќе заврши по медиумите. Се крие од сите, а кога треба да излезе надвор, за да го прошета кучето или да отиде до продавница, се маскира и скоро е непрепознатлива. Беше пред неколку дена на едно снимање, се задржа многу кратко, а влезе од споредниот влез“, истакнува изворот на српскиот Блиц кој живее во близина на Прпиќ.
„Донесе одлука да не коментира ништо поврзано за неа и М.Ж. И тоа не само во наредниот период, туку засекогаш. Сигурна е дека луѓето не би ја разбрале што точно се случило, па решила сите детали да ги сочува за себе и мал број на луѓе кои се упатени во нивната љубовна приказна“, додава изворот.
Многумина коментираат дека оваа нејзина фотографија која заврши на мрежите покажува дека актерката е во поинаква состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.