Вчера протече песната „Рунде“, последната песна на Милан Радуловиќ Лаќа, покојниот син на Марина Туцаковиќ. Ја напиша за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша а на неа работеше и нашиот Дарко Димитров.

Карлеуша е изненадена и шокирана и не знае како песната стигна до јавноста.

– Не знам како песната дојде во јавноста и кој ја објави на социјалните мрежи. Лаќа ми ја напиша песната, таа беше последна што ја напиша. Жал ми е што не можев да ја ставам песната на последните два албума поради недоразбирање со неговиот татко. Некоја повисока сила сè уште сакаше делото на Лака да живее по неговата смрт, и покрај сè. Песната е тешка и потресна, всушност отсликува како се чувствувала Лаќа – изјави Јелена за „Телеграф“.

@karleusasuperstar #RUNDE 📷🎥 @angelpkekovic / @Alo_portal @Informer TV @telegrafrs @Blic TV @Kurir ♬ Jelena Karleusa RUNDE – R



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.