Актерот, Милош Биковиќ, го користи секој момент за да поминува време со својата поубава половина, адвокатката Ивана Малиќ.

Со нивната љубов се пофали и Ивана, која објави видео од нив двајца во автомобилот на кое се гледа дека тие двајца не ја симнуваат насмевката од лицето.

Видеото покажува колку Биковиќ ужива во друштво на својата сакана, додека таа му возвраќа на прегратките.

Ивана има 25 години и по потекло е од Бар. Српските медиуми пишуваа дека Ивана и Милош планираат венчавка на Мокра Гора на која ќе присуствува најтесниот круг на луѓе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.