Меделина Џенеа е романска актерка и модел. Преубава жена која ја, поради нејзиниот изглед и сексипил, ја споредуваат со Софија Лорен.

Затоа не е ни чудо што Маделина ужива голема популарност во Италија, а Италијанците се „луди“ по неа.

Освен по сличноста со Софија Лорен, Маделина стекна популарност во Италија и по врската со поранешниот фудбалер, Марко Бориело, кој настапуваше во Милан, Рома, Јувентус, Џенова, Сампдорија, а соиграчи му беа играчи од калибарот на Тоти, Пирло, Малдини, Роналдињо, Бекам…

Бориело не остана со неа, но романската Софија Лорен, со својата женственост, грандиозност и елеганција продолжи да го освојува фудбалскиот свет во Италија, па таа пронајде љубов со актуелниот играч на Рома. Николо Заниоло.

Занило, кој е 12 години помлад од Маделина, ја потврди врската со романската убавица со приклучување на чет додека таа беше во живо на социјалните мрежи.

Може ли постојано да те бакнувам? Може ли да го правам тоа 25 часа на ден? Што мислиш? – и напиша Заниоло на својата новопечена девојка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.