Британскиот рок-пејач Род Стјуарт јавно објави дека изнајмил куќа за семејство од седум бегалци од Украина. Тој откри дека обично не се фали со својот придонес кон добротворните работи, но сега „постапил поинаку со надеж дека ако и јавно проговори за своите постапки, тоа можеби ќе ги поттикне и другите луѓе да го прават тоа“.
Сер Род, како што е познат по неговата британска титула, веќе најмалку една година ѝ помага на брачната двојка Ростислав и Олена и нивните пет деца плаќајќи им ќирија и комуналии во Беркшир.
Семејството дојде во Британија и не говореа англиски… А, тие се толку прекрасни, љубезни и многу благодарни… Затоа сакам да работам повеќе. Размислувам да добијам друга куќа во која ќе вселам многу повеќе луѓе – порача Стјуарт.
Тој нагласува дека е витез, па добротворната работа му е еден вид должност.
Нека ме видат дека правам нешто. Јас сум витез и ја користам својата моќ за да направам нешто за луѓето. Убеден сум дека ако луѓето видат што правам, па и тие ќе направат нешто – вели Стјуарт.
Стјуарт и неговата сопруга Пени Ланкастер изнајмиле и три камиони, кои служат за разнесување залихи за бегалците, но и безбедно иснесување од Украина.
Следниот месец Стјуарт почнува турнеја и ќе настапи во низа британски градови – Нотингем, Абердин, Глазгов, Белфаст, Лондон, Бирмингем и Манчестер. Како што најави, тој има намера да зборува за војната во Украина и да ги посвети концертите на таа земја и нејзиниот народ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.