Ќерката на Жељко и Милица Митровиќ, ако им се верува на објавите на Инстаграм, ја раскина свршувачката со рускиот милијардер Илија, наследник на кралот на ураниумот.
Дека Кристина Митровиќ раскина со вереникот Илија можеше да се заклучи токму преку социјалните мрежи.
Имено, момчето на Кристина објави многу сурова порака, за која многумина тврдат дека е негов одговор на се. Илија, кој на Инстаграм го користи псевдонимот don.czar.sheikh.of.london, порачува дека конечно се спасил.
Фала ти Боже за лекциите. Не можев да бидам поблагодарен. Што е доволно – доста е. Време е да продолжам понатаму и да ги остварам моите цели за 2023 година – објави Илија на Инстаграм.
Потоа ги избриша сите романтични фотографии од него со Кристина.
Истото го направила и наследничката на Жељко, па на нејзиниот профил не може да се најдат спомени со нејзиниот свршеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.