Маж од Горњи Вакуф го пријавил пејачот Махир Петровиќ во полиција, тврдејќи дека ја малтретирал неговата петнаесетгодишна ќерка.
Таткото за локалните медиуми изјавил дека сам отишол во полиција да се пријави затоа што го искршил автомобилот на пејачот откако дознал дека и праќал пораки на ќерка му со содржина да се сретнат на полноќ
Настанот се случил ноќта меѓу четвртокот и петокот, односно меѓу 07. и 8.11.2024 година, а С.Љ. тврди дека веднаш по пријавата кај Махир Петровиќ, полицијата на 8 ноември вечерта извршила претрес. Таткото С. Љ. видел порака која доцна во ноќта ја добила неговата малолетна ќерка во која машко лице ја повикувало да излезат надвор да се видат.
„Јас одговорив наместо неа: Кој си ти, дојди пред куќата да те видам“. Дојде со кола пред нашата куќа и веднаш го препознав Махир. Истрчав и му го искршив автомобилот. Таа вечер не знам дали постапив дрско, тој побегна од мене, а потоа сам се пријавив во полиција да кажам зошто го направив тоа“ – раскажал огорчениот татко.
Таткото тврди и дека друг татко на малолетно девојче од Горњи Вакуф го пријавил Петровиќ, а овој случај го потврди и обвинителството.
Да потсетиме, Махир Петровиќ беше осомничен дека удрил и усмртил пешак летото 2023 година, а потоа побегнал од местото на несреќата.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.