Започна трката меѓу српските пејачи и пејачки кој ќе ја купи првата песна што Зоран Марјановиќ ќе ја напише зад затворските ѕидови.
Пејачките звезди тврдат дека се подготвени да платат се што е потребно само за да ја добијат првата песна што ја прави Зоран.

Знаат дека сето тоа е чудно, но се свесни и за публицитетот што би го добиле доколку го отпеат тој прв „затворски“ хит. А најчудно е што не се плашат од реакција на јавноста.

Зоран, познат како ноќна птица и човек кој најчесто создава музика во текот на ноќта, сè уште нема соодветен инструмент на кој би можел да почне да компонира, но, секако, доколку реши да се занимава со ваков тип на креативна работа за време на престојот ќе мора да му обезбедат услови за компонирање.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.