На 75 годишна возраст, по кусо боледување, денеска почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија.

Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена се само некои од музичките ѕвезди со кои соработуваше Џаровски и на кои им организираше турнеи.

Џаровски своевремено призна дека наместил повеќе од 80 фудбалски натпревари во сите рангови на натпреварување.

Лани, во мај, неговата ќерка, новинарката Милица, ја промовираше книгата „Живот на коцка“, што ја напиша за нејзиниот татко. Џаровска објасни дека насловот на книгата не се одесува само на таа коцка која му е пријател цело време, туку на целиот негов бурен и неизвесен живот, кој се труди да го негува, колку што може.

Мене ми е жал што младиве генерации Џаро го знаат само по измами и местење натпревари. Не ќе да е така дечки. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари, рече лани на промоцијата на книгата актерот Игор Џамбазов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.