Почина Мирослав Живановиќ – Пиле, фронтмен на групата „Алиса“, јавуваат медиумите од Србија.
По долго и тешко боледување вчера, на Бадник почина рок пејачот Мирослав Живановиќ Пиле, познат како фронтмен на белградскиот бенд „Алиса“, соопшти Здружението на џез, забавни и рок музичари на Србија. „Со голема тага ве известуваме дека денеска почина лидерот на бендот „Алиса“, Мирослав Живановиќ – Пиле. Сочувство до семејството“, беше објавено на Фејсбук страницата на ова Здружение.
Првата вест за смртта ја соопшти првобитниот член на оваа рок група, тапанарот Предраг Пеѓа Цветковиќ.
„Почитувани пријатели, со голема тага ве известувам дека денеска почина мојот пријател, брат и водач на нашиот бенд „Алиса“, Мирослав Живановиќ – Пиле. Почивај во мир пријателе со твојот ангелски глас достоен за рајот“, се прости Цветковиќ од својот колега пејач.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.