Победничката на Евровизија Лорин е родена во 1983 година во Стокхолм како Лорин Зинеб Нора Талхауи, во конзервативно муслиманско семејство кое емигрирало од Мароко. Уште од мала знаела дека сака да се занимава со музика.

Таа стана хит на социјалните мрежи откако се појави фотографија од еден настап со небричени пазуви бидејќи изјавила дека ги поддржува жените кои не сакаат да се бричат. Дел од јавноста беше згрозена од ова, некои дури и ја нарекуваа „небричената“.

Секако, има и доста од нив што целосно ја поддржуваат нејзината одлука да се скара со бричот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.