Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ денеска напладне познатиот македонски естраден уметник ќе ја промовира својата прва стихозбирка под наслов „Нотирана поезија“.

Во стиховите на Нечовски доминира љубовта како универзално човечко и поетско чувство. Книгата е поделена на три циклус: Песни посветени на љубовта, песни во кои е опеана љубовта кон родната земја и песни со љубов кон семејството.

Песните во стих напишани од грло испеани се плод на близу педесетгодишната плодна естрадна кариера на Петар Нечовски обележана со низа фестивалски награди и турнеи низ светот.

-Уживајте во оваа колекција на отпеана поезија , текстови инспирирани од различни периоди во мојата богата интерпретаторска кариера ќе напише Нечовски во книгата.

Промотор на стихозбирката ќе биде – рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски од Битола. Издавач е „Ирис“ од Струга а корицата ја изработи синот на Петар, Благој Нечовски кој живее во САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.