Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска си ветија љубов до крајот на животот. Свадбата ја почнаа со веселба во домашна атмосфера со музика, па прекрасна црковна церемонија и матично, па до прослава во ресторан.

Сестрата на Павле, кулинарката Софка Камилоска, сподели низа фотографии и видеа од свадбата. Меѓу присутните гости беа и Миа Костова и Елена Најдоски.

Ирина беше прекрасна невеста, носи тесна бела креација со перја, која го истакнува нејзиното трудничко стомаче во ресторанот, а пред тоа уште една прекрасно креирана бела венчаница.

Павле зрачеше со елеганција во црн костим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.