На судењето на кланот на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ, сведокот-соработник Срѓан Лалиќ откри дека Марко Миљковиќ бил во врска со старлетата и учесничка во реалното шоу Александра Николиќ.
Тоа не е првпат познати старлети да се поврзуваат со членови на оваа криминална група.
Тијана Ајфон, пак, беше во романтична врска со Милован Тадиќ, познат како Микса, еден од обвинетите членови на кланот Беливук – Миљковиќ.
Сораја Вучелиќ
Сораја Вучелиќ повеќепати беше поврзувана со криминал, а во 2018 година и беше забранет влез во Србија и беше прогласена за лице од безбедносен интерес поради врски со криминалци.Таа беше неколку пати испрашувана во полиција по убиството на Армин Муса Османагиќ, водачот на криминалната група Бар, во 2014 година.
Драгана Баниќ
Драгана Баниќ, поранешна кралица на убавината и учесничка на реалити ТВ, беше сведок на суровата ликвидација на Горан Влаовиќ на хрватскиот остров Паг во август.
Дејана Живковиќ, модел кој претходно учествуваше во реално шоу, беше во вонбрачна врска со Јован Вукотиќ, сега веќе починатиот лидер на Шкалјарскиот клан. Да потсетиме, Вукотиќ беше ликвидиран на 8 септември во Истанбул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.