М.Ж., со кого актерката Анѓелка Прпиќ чека дете, била на свадбата со Дарио Прпиќ во 2011 година, со оглед на тоа дека тој му бил најдобар пријател.
Имено, бившиот сопруг на Анѓелка Прпиќ требало да му биде кум на свадбата на М.Ж. со сега веќе бившата девојка.
– Анѓелка е бремена петти месец, а таткото на детето е најдобриот другар на нејзиниот поранешен сопруг. М.Ж. и Дарио биле најдобри другари и Дарио требало да му биде кум на свадбата со жената со која бил 11 години, открил добро информиран извор за Курир.
Анѓелка и Дарио Прпиќ беа во брак девет години и заедно го имаат синот Јакша.
Актерката еднаш проговори за нејзиниот развод за медиумите:
-Откако се разведов дефинитивно ми се смени секојдневието. Сега сум во нови околности. Ме смирува и ме прави безгрижен тоа што со Дарио одржуваме добри односи, одржувам контакт со татко му и сестра му, тој со моите родители и брат. Ние веќе не сме љубовен пар, туку сме родители и пријатели и ќе бидеме засекогаш. Се надевам дека ќе бидеме се подобри и подобри во тие други улоги. Нашиот осум и пол годишен син Јакша има среќа што има татко кој е жив, здрав и многу заинтересиран за него. Таму ништо не е сменето и тоа е најважно – Анѓелка Прпиќ отворено проговори за пропаднатиот брак за „Глорија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.