Светлана Цеца Ражњатовиќ е рекордер по заработката на денот на Нова Година дознава српски informer.
На листата најплатени пејачи се наоѓа и Лепа Брена, која за една ноќ ќе се збогати за 80.000 евра, додека нејзините колеги Аца Лукас и Ацо Пејовиќ ќе заработат по 70.000 евра!
Цеца секоја Нова Година ја забавува публиката, а оваа година тоа ќе го стори на Златибор.
Цеца веќе со години е најплатена пејачка, бидејќи како што може да се види, нејзините настапи се најпосетувани. За неа менаџерите се „тепаат“, бидејќи знаат дека со неа ќе заработат многу пари. Цеца долго време нама настапувано на Златибор па соговорникот кој го контактираше српскиот портал вели дека останатите музиќки ѕвезди решиле новогодишната ноќ да ја дочекаат во Белград.
Белград овој пат има најдобра понуда. Лепа Брена уште на почетокот на годината договори настап во еден познат ресторан, а за истиот ќе инкасира 80.000 евра. Таа не сакала да иде во странство. Аца Лукас и Ацо Пејовиќ договориле настап за ист хонорар, двајцата ќе заработат по 70.000 евра, меѓутоа нема да настапуваат на исто место. Лукас ќе ја забавува публиката во еден хотел, а Пејовиќ ќе настапува на саем. Веднаш зад нив, по висината на хонорарот е Јелена Карлеуша, која веќе добила 60.000 евра за нејзин настап во еден познат хотел, вели доброупатен извор за информер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.