Поранешната „задругарка“ Александра Николиќ, позната како Алекс, реши со хируршки зафат да го извади биoполимерот од усните, нешто што пред да влезе во реалното шоу „Задруга“ го направи и нејзината ривалка Далила Драгојевиќ.

Таа сите детали од интервенцијата ги откри на Јутјуб, каде покажа и како изгледа сега, по зафатот.

Александра во видеото покрај тоа што покажа како изгледа, опиша и како се чувствува по опеpaцијата.

Чувствувам болка, пијам лeкови, не можам да се напијам вода.

Никогаш повеќе нема да ја направам грешката, да одам кај непроверен хиpypг. Устата ми пречеше бидејќи не изгледаше убаво. Човекот треба да биде онаков каков што е природно, а не да се корегира заради трендови и да биде сé што поголемо. Понекогаш помалото всушност е поубаво…, им се довери таа на своите следбеници во последната објава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.