Иако Јелена Карлеуша и Цеца се веројатно најекспонираните на српската естрадна сцена, тие две не се и најбогати естрадни ѕвезди. Таа чест и припаѓа на Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, која во 2013 година се омажи за дваесетгодишниот ИТ експерт Данијел Роквиќ, а во последно време ретко е во Србија.
Кога, сепак, се во Србија, Дијана и нејзиниот сопруг живеат во белградската населба Врачар во куќа од 500 квадрати. Имаат три куќни помошнички, затоа што гардеробата на Дијана вреди половина од куќата и треба да се одржува.
View this post on Instagram
Пејачката, дури и неодамна најави дека планира да го реновира домот и цел кат да го претвори во гардероба.
Ќе има цел кат во стакло и огледала. Таму ќе биде само мојата гардероба, еден ѕид за чанти и еден ѕид за чевли – откри пејачката.
View this post on Instagram
Во меѓувреме, Диди престојува низ светските монденски локации, а неодамна објави видео од својата јахта на која знае добро да се забавува.
Пејачката позира во бикини, седната на колена, со синџири околу вратот и очила за сонце.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.