Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“ вчера се одржа 26-тото издание на „Златна бубамара на популарноста“. Домаќините на настанот Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, кои до лани ги гледавме во улога на заменски, технички водители сега беа главни бидејќи Сашко Коцев не се појави на сцената.
Иако беше најавено дека овој пат манифестацијата ќе биде скратена и ќе трае 3 часа, сепак во момент на возбуда и радост, наградените со своите говори, сепак ја оддолжија манифестацијата па таа заврши околу полноќ.
На жалење на публиката, на сцената за првпат по 17 години не се појави Сашко Коцев, но затоа неговите “заменски водители”, Атанас и Тино, завршија одлична работа и ги насмеаја посетителите до солзи.
На тапет на нивните шеги, како и секоја година, секако беа политичарите, но сепак “најдебелиот крај” го извлече министерката за култура.
Поплавениот МНТ и водниот свет кој живее таму беше главна тема, додека дотераната министерка бара да се фотографира со Сашко Коцев кој плива грбно како ајкула во малата сала на театарот, до солзи ги насмеа посетителите.
На манифестацијата им беше оддадена почит на врвниот инструменталист и композитор Милан Завков, комичарката Мара Попара, односно актерката Катерина Крстева, и актерот Марин Бабиќ кои кои починаа во изминатата година.
Легендите Ефто Пупиновски и Блага Петревска добија награди за животно дело и заедно запеаја на сцената при што го добија и најголемиот аплауз за време на целата вечер. Исто така награда за животно дело зема и српскиот пејач Мирослав Илиќ, како и авторите Миле и Ѓорѓи Барбаровски кои имаат напишано безброј фолк хитови, додека постхумна награда за животно дело доби и хармоникашот Милан Завков, кој за жал, починал само 5 дена откако му била соопштена информацијата дека е добитник на наградата, а истата вчера од сцената ја подигна неговиот брат.
Игор Џамбазов изведе песна во чест на Горан Пандев, посветена на сите негови спортски успеси и на тоа каква гордост е тој за Македонија. Дуото ДНК добија награда за најпопуларна група.
За најпозната труба беше прогласен Џамбо Агушев, кој реди светски успеси, и заедно со ДНК ја изведоа химната на животот „Ако утре ме нема“. Наградата најпопуларен албум ја доби групата „Некст Тајм“ за нивниот албум „Мајка“. Награда за трајни музички вредности доби Јаков Дренковски, а Ефто Пупиноски и Блага Петреска добија награда за животно дело.
Од регионалните ѕвезди награди добија Мирослав Илиќ и Џибони.
Кој друг настапи и доби награди ќе може да видите на снимката од манфестацијата на Канал 5 телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.