23-годишниот Бруклин Бекам не престанува да го привлекува вниманието на јавноста. Најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, кого таблоидите го нарекуваат најнеспособниот син на светот, во понеделникот е фотографиран во Западен Холивуд како се мачи да излезе од брзиот спортски автомобил. Бруклин жонглира со кафето и клучевите додека излегува од ниската возачка врата на возилото.
И покрај фактот што неодамна добил отказ откако брендот Супердрај ја прекинал соработката со него, младиот Бруклин не престанува да се занесува, коментираат таблоидите, иако не е јасно дали скапиот автомобил е лично на Бруклин или го позајмил од татка си. Спортската ѕвезда е обожавател на производителот на автомобили со високи перформанси и поседува прекрасен црн McLaren MP4-12C Spider.
Имено, младиот Бекам се довезол со својот бесен автомобил од марката McLaren 765LT. Излегол од автомобилот видно расположен, во лежерно издание. Носел широки фармерки и широка бела маица, која ја искомбинирал со бели патики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.