Холивудската актерка, Бети Вајт почина на 99 години. Таа е позната по нејзините незаборавни улоги во Златните девојки и шоуто на Мери Тајлер Мур и е повеќекратна добитничка на Еми наградите. Бети требаше да го прослави својот 100-ти роденден на 17 јануари 2022 година.
Многу сум среќна што сум во добро здравје и што се чувствувам толку добро на оваа возраст. Тоа е одлично чувство – изјави неодамна легендарната актерка за магазинот „Пипл“.
Пред неколку недели беше најавено објавувањето на филмот за нејзиниот живот наречен „Betty White: 100 Years Young – A Birthday Celebration“, во режија на Стив Бетхер и Мајк Триклајн. Филмот требаше да ја има својата премиера на нејзиниот роденден, но сега е неизвесно дали филмот ќе биде прикажан.
Бети е родена во Чикаго во 1922 година. Една година по нејзиното раѓање, семејството се преселило во Калифорнија. Бети живеела во Лос Анџелес до нејзината смрт. Таа сакаше да гледа документарни филмови за животни, квизот „Предизвик“ и спорт, особено голф. Таа со години се борела за заштита на животните.
Кариерата ја почнала во 1939 година, а најпозната е по улогата во серијата Златна девојка, која се емитуваше од 1985 до 1992 година. Таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како актерка со најдолг стаж во шоу-бизнисот. Таа во неколку интервјуа истакнала дека Втората светска војна ѝ ја запрела кариерата на одредено време.
Пред телевизијата работела во театар, радио и како модел, но кога започнала војната, таа морала да стави сè на чекање. Таа истакнала дека навистина било многу тешко време да се балансираат одредени работи во животот.
Вајт се омажила три пати, а во 1945 година се омажила и се развела од првиот сопруг Дик Баркер. Живеела со него на фарма во Охајо, но набрзо се вратила на кариерата во Лос Анџелес, каде што го запознала Лејн Ален, со кого се омажила две години подоцна. Тие се развеле по две години брак, а Бети Вајт повторно се омажила во 1963 година за Ален Ладен. Откако тој починал во 1981 година, таа никогаш повеќе не се омажила. Посетувајќи го Лери Кинг, кога ја прашале зошто никогаш повеќе не се омажила, таа одговорила: „Штом го имавте најдобриот, кој друг ви треба?“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.