Три лица се избодени со нож за време на новогодишниот концерт на српската фолк пејачка Дара Бубамара во хотелот „Мајдан“ во Белград.

Според Нова.рс, нападот се случил во тоалетот на хотелот. Набргу по нападот концертот бил прекинат, а во хотелот пристигнале голем број полицајци, како и брза помош. Едно лице е тешко повредено, но детали за тежината на здобиените повреди не се познати.

Нападот наводно се случил после три часот по полноќ. Тие наведуваат и дека непознато лице со остар предмет им нанело повреди на главата и телото на М.М.(44), А.Р.(40) и Ф.А.(27), а потоа со Ауди А8 побегнал во непознат правец.

По напаѓачот и возилото се уште се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.