На 24 декември во центарот за култура „Григор Прличев“, во продукција на OhridNews, ќе се случи шестото издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, која ги носи големите хитови од седмата уметност во специјален аранжман и изведба на бенд составен од врвни музичари од Охрид и извонредниот вокал Емилија Коловска, придружувни од хорот Лихнидос. Манифестацијата ќе биде зачинета со креативен хумор за кој традиционално се задолжени познатиот стендап комичар Никола Тодороски и професионалниот актер Стрезо Стаматовски – алијас „2 Mothers brothers“, кои премиерно ќе изведат авторски материјал ексклузивно подготвен за „Зимска бајка“.

Шоуто ќе биде збогатено со визуелни ефекти од лабораторијата на „Кумев брадрс“ и концертен звук за кој ќе се погрижи „Лабино саунд“. Сцената ќе ја аранжира „Импакт груп“, а зад неа десетици волонтери и логистика ќе се погрижат настанот да мине во беспрекорен амбиент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.