Јелена Карлеуша одржа спектакуларен концерт во Скопје. Дури и не може да се нарече концерт туку вистинско шоу. „Малата од скандалите“ им одржа вистинска лекција на сите т.н ѕвезди како се настапува со сите нишани, кореографија, ЛЕД позадина, сценски ефекти, промена на неколку костими.

 

На бината без музичари, само Јелена и танчерите ја држеа публиката во „Јане Сандански“ два часа на нозе.

„Мала од скандала“ беше во врвна кондиција на 46 години и покажа зошто текстовите за неа се меѓу најчитаните во медиумите. 

Кулминација на шоуто беше кога популарната ЈК нагрната со македонското знаме ја запеја антологиската „Бисер Балкански.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.