Дарко Лазиќ пред неколку дена застана на „лудиот камен“. Својата избраничка Катарина ја земал за жена во тајност, а најизненадена била неговата мајка која не знаела дека нејзиниот син се оженил. Таа за се ја обвинува новата снаа, а инсистирала дека ѝ е многу жал што не била поканета.
„Во меѓувреме слушнав и дека мојот Дарко се оженил. Не ми се јавија, навистина не знам зошто. Ќе мора да ги прашате двајцата. Тие најдобро го знаат тоа. Речиси една недела не контактирал ниту со својот брат. Што да ти кажам? Знае да сокрие такви работи, а бидејќи повторно е во врска со Катарина, знае да не контактира со мене со денови. Веројатно таа го замолила да не ни кажува. Секако дека ми е жал што не ни се јави на тој убав и среќен ден. Имав слушнато дека се заедно на патување, но еве… Сигурно имале некои поважни луѓе од нас што присуствувале на свадбата. Толку имам да кажам“, изјави Бранка за „Курир“, а за медиумите се огласи и братот на пејачот, Драган кој изјави дека не знае ништо за венчавката.
„Јас и Дарко не се слушнавме повеќе од една недела. Тој е луд, но не знам дали имало свадба. Претпоставувам дека ќе ми каже нешто како брат. Тој и Катарина се на пат, колку што знам не дошол овде. Иако, со нив никогаш не се знае! Кога ќе разговараме, ќе ги знам деталите, досега не контактирал со мене. Не сум се ни слушнал со мајка ми, барем ќе кажеше нешто да знаеше“, истакна Драган, додека младенците се уште не се огласија за ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.