Констракта или Ана Ѓуриќ, ќе биде овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија.
Таа со својот настап на Беовизија ја „размрда“ јавноста, прозборе и за тоа како се подготвувала за овој настап.
Српската претставничка на Евровизија раскажа и како течеле подготовките за фестивалот „Песна за Евровизија ’22“ и каде таа и нејзините соработници вежбале кореографија за настапот.
„Во мојот подрум, во моето студио, стиснати меѓу 4 столчиња. Таму го испланиравме и го подготвивме настапот“, низ смеа рекла Констракта.
„За првата проба купив сапун од 20 денари, не вложив доволно, а рацете ми беа уништени, па нанесував крем три дена“ – изјави пејачката која како дел од сценскиот настап, ги мие рацете на бина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.