Марија Шерифовиќ го донесе своето дете родено во Србија. Се постави прашањето дали  дете родено со помош на сурогат мајка може да биде крстено. СПЦ нема официјален став, како и МПЦ.

Пред неколку години, Синодот на Руската православна црква објави официјален документ со кој се дефинира односот кон крштевањето на децата родени од сурогат мајки. Во соопштението се наведува дека руската црква ќе ги крштева децата родени од сурогат мајки само кога родителите ќе се покаат во црква.

Друга можност да се крсти е кога детето ќе стане полнолетно или ќе достигне возраст кога може самостојно да одлучи дека сака да ја прифати христијанската вера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.