Клавијатурист од југот на Србија е пронајден мртов откако ја дочекал Новата година. Како што неофицијално дознава Курир,рс тој свирел во локален ресторан и после се самоубил во просториите на објектот.

Никој од пријателите и колегите на музичарот не можеше да помисли дека тој ќе си го одземе животот. Пријателите се убедени дека тој живеел нормален, скромен живот и дека бил задоволен од тоа.

– Имаше семејство, беа среќни. Едноставно не можам да верувам дека се случило вакво нешто. Не можам ни да замислам како е на семејството – изјавија пријателите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.