Српскиот пејач на народна музика, Драган Којиќ – Кеба, откри дека првите чекори во светот на музиката ги направил уште како дете, но дека страста кон пеењето првично ја криел од родителите.
Кеба открива дека на многу млада возраст првпат стапнал во кафеана, каде што воден од страста кон музиката почнал и да пее.
Мојот прв инструмент кратко време беше хармоника, па тапаните, па сакав да бидам трубач, па свирев на гитара, но секогаш пеев. Секако, почнав тоа да го правам како многу мал. Бев во културно-уметничкото друштво „Вук Караџиќ“ во Лозница. Ги поминав сите секции. Единствено не играв и тоа не го знам до ден-денес“, вели Кеба.
Тој додава дека неговите родители не знаеле за неговата пасија и раскажува за моментот кога татко му дознал дека веќе некое време настапува во кафани.
Криев од родителите, моите се разведоа кога имав пет години, но тоа нема врска. Не знаеја дека пеам. Еден ден пеев во кафеана и го гледам татко ми како влегува. Тој седна и почнав да ја пеам „Има денови кога не знам што да правам“, тој ја сака таа песна и поминав лесно тогаш, така некако се почна“, раскажува Кеба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.