Јелена Карлеуша многу често е главна тема на естрадните магазини и на озборувањата во јавноста за своите настапи, стајлинг или љубовен живот, но таа многу ретко зборува за својата здравствена состојба.

Тоа што многумина не го знаат е тоа дека Јелена долги години има проблем со мигрена, која често и предизвикува ужасни главоболки. Според извор близок до пејачката, некои лекари со кои разговарала велат дека причината за мигрената е наследен фактор, пишуваат српски медиуми.

Со оглед на тоа што Јелена е хиперактивна и оддава неверојатна енергија на своите концерти, а поп дивата всушност има многу низок крвен притисок, што може да биде причина за неподносливи главоболки. Таа нормално не пие кафе, што може да и помогне во овие моменти“, вели изворот.

Нејзини пријатеи тврдат дека со доаѓањето на зимскиот период ваквите главоболки кај поп ѕвездата се зачестени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.