Пакедонската поп-дива Калиопи се наоѓа во полициска станица, каде треба да даде изјава по трагедијата што се случи на вечерашниот концерт во Белград, објави српски мондо.рс.
Вечерва на концертот на Калиопи почина жена на која претходно и се слошило. Брзата помош не можела да ја спаси и реанимира жената која изгубила свест, па починала во преполната сала. Калиопи била уплакана и цело време и била покрај ќерката на починатата жена. Според српские медиуми жената со својата ќерка и пријателка допатувале од Македонија во Србија за да бидат дел од концертот на Калиопи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.