Познатиот српски јутубер Бака Прасе е пред истрага во Србија за недоличните содржини кои ги објавува на социјалните мрежи. Се покрена и петиција неговиот профил да биде исклучен.

Дали треба да оди во затвор поради затајување данок и сексуално вознемируање на малолетнички од 14 години-се наведува во петицијата.

Богдан Илиќ пред истражните органи ќе треба да докаже од каде му се парите со кои се фали, Ламборџинито кое го вози и кое чини 100.000 евра.

Илиќ има 26 години и е дете на српски свештеник и има големо популарност меѓу тинејџерите на Балканот.

Сомнежите се дека е контролиран од странски служби а српските медиими тврдат дека има и врски со криминалот. Наводно, Прасе му плаќал рекет од 10.000 евра на познатиот Веља невоља.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.