Јелена Карлеуша по долги години проговори за нејзината романса со жестокото момче Зоран Давидовиќ Чанда кој беше убиен пред 24 години на само 27 години.

Со Зоран бев седум месеци. Тој ми беше дечко, а не маж. Сигурно ќе ја продолживме врската да не го убиеа Почина на враќање од погребот на Дуго Лаиновиќ во „сачекуша“. И јас сакав да одам со него, но мајка ми не дозволи да бидеме заедно во автомобилот. Самиот Зоран ми рече: „Не!“. Не ме ни зеде.

Беше 23 март 2000 година. Со него бил неговиот најдобар пријател, пица мајстор кој правел пици во киоск. Толку за опасните момци. Се знае и кој го убил. Сведоците соработници рекоа дека  го застрелал  Ѕвездан Јовановиќ. Подоцна од полициските информации дознав дека екипата што го бркала, Земунскиот клан, од некоја чудна причина чекала да не бидам во автомобилот. Го застрелаа Зоран со два калашникови. Последен пат го видов на парчиња. Се симнав во канцеларијата на лекарот за да земам работи за погребот. Јас сум единствениот што направи легитимирање и единствениот што дојдов од целото семејство. Морав да го видам уште еднаш. Тоа е слика која засекогаш ќе ми остане во мислите. Куршумите од калашников се огромни, а само Зоран го погодија над триесет. Тие куршуми откинуваат делови од телото, а патолозите со црн конец го врзале телото на Зоран во една маса. Тоа е сцената што ја видов на масата. Во тој момент имав 20 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.