Во долг тесен фустан со ракавици и голема крзнена шапка, Јелена Карлеуша се појави како снежна кралица во бело. Својот спектакуларен новогодишен изглед, Јелена го надополни со бели очила, високи бели потпетици, а косата ја пушти слободно да ѝ паѓа во бранови.
Пејачката во овој храбар стајлинг се појави на хуманитарен концерт во Белград, посветен на децата со посебни потреби, социјално загрозените деца и децата на националните малцинства…
Јелена пееше и играше на своите хитови, а децата ѝ приоѓаа и ѝ носеа цвеќе.
Се делеа пакетчиња и се пееја најубавите песни! Ви благодарам на сите што дојдовте во огромен број и ги поддржавте децата на кои им е потребна помош, поддршка, разбирање и љубов. Да им дадеме шанса за убаво детство и подобар живот, порача пејачката.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.