Македонската публика покажа голем интерес за новото стенд-ап шоу на Никола Ѓуричко, „SHOWBIZ“, продолжувајќи го неговиот престој во Скопје за уште една вечер. Првиот закажан датум на 7 март е веќе целосно распродаден, а оние кои немаа прилика да го набават својот билет за оваа изведба, ќе имаат можност да уживаат во неговите шеги и на 6 март, повторно во Македонска Филхармонија со почеток од 20 часот.
Распродаденото шоу во Скопје се придружи на трендот распорадени настапи на едномесечната турнеја на Ѓуричко низ Европа, која е веќе започната од 1 февруари, а е планирана да заврши идниот месец заклучно со настапите во Скопје на 6-ти и 7-ми март и последниот на 14-ти март во Белград.
Билетите за второто шоу веќе од денеска се во продажба, достапни онлајн на веб-страната на МкТикетс и во нивната продажна мрежа. „Таксират Фестивал“ и „Skopje Comedy“ следејќи го досегашниот интерес на публиката, препорачуваат и овој пат брза реакција за сите што не сакаат да го пропуштат ова единствено шоу.
Иако тој е добро познат актер на Балканот во безброј театарски но и многу славни филмски остварувања меѓу кои „Зона Замфирова“, „Муње“, „Kad porastem biću Kengur “, Никола Ѓуричко веќе сигурно чекори и кон освојување на големата холивудска сцена. Со повеќе мали улоги како онаа на пилот во „World War Z“ покрај ѕвездата Бред Пит, на Ѓуричко не му е непозната големата американска продукција, но улогата која го издвои како нова сензација на оваа сцена е таа на Јури Исмајлов во 4-тата сезона на хит серијата на „Нетфликс“, „Почудни нешта“ (Stranger Things).
Во новиот материјал спремен за „Шоубиз“ можеме да очекуваме повеќе да навлеземе и во неговиот живот во С.А.Д., со приказни и анегдоти за Холивуд, како и неговиот приватен живот. Со толку години поминати во индустријата не се сомневаме дека има повеќе од доволно материјал за вечер исполнета со многу смеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.