Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ, кој беше син на покојната Марина Туцаковиќ и композиторот Александар Фута Радуловиќ, ненадејно почина.

Александар Радуловиќ Фута се ожени со Марина Туцаковиќ и имаше два сина, Милан и Милош. Неговиот живот го одбележаа две смртни случаи. Легендарниот српски композитор остана сам. Минатата година почина Марина, а во 2008 година почина и нејзиниот син Милош.

Фута неодамна изјави дека се уште е неутешен поради заминувањето на Марина и оти сега живее некој друг живот.

Фута пред две години беше сведок во процесот „Рекет“ на Бојан Јовановски. На судењето тој тврдеше дека на една од нивните средби во Белград му дал пари за естрадни активности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.