Денес со почеток во 17:00 часот во општина Кривогаштани, за првпат ќе се одржи „Фестивалот на Пиперката“.

Со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овој фестивал се впишува на картата со локални манифестации на нашата држава. Продолжуваме да го промовираме нашиот придонес за одржливо земјоделство и рурален развој, стои во објавата на Општина Кривогаштани.

 

На фестивалот ќе настапат голем број на музички имиња од нашата земја и тоа: Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Андријана Јаневска, Елена Велевска, Драган Темелковки-Џони, Рубин Благадуша и Кико и Тикса Бенд, а ќе има и спектакуларно ДЈ шоу предводено од ДЈ Љубиша и РобиЛеј ЛедРобот.

Освен музичкиот дел посетителите ќе можат да присуствуваат и на изложба на пиперки и производи од пиперка, прoмоција на производи од произведувачите на пиперки, потоа ќе има и детска програма за најмладите кои ќе се запознаат со патот на пиперката од фарма до трпеза, со едукативна програма, изненадувања и подароци, како и промоција на извонредниот вкус на локална храна од Кривогаштани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.