Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ отсекогаш изгледала совршено, но пејачката тврди дека не е баш така. Таа открива дека во еден период имала проблеми со килограмите, па поради тоа морала да преземе одредени мерки.

Никогаш не сум имал проблем со тежината, бидејќи мојата генетика е одлична. Сепак, пред некое време почнав да се дебелеам. Се соочив со себе и си реков дека сакам, пред се, да живеам поздраво! Посетив одличен нутриционист, кого го познавам со години преку заеднички пријатели. Постојано ми велеше: „Дојди да ти ја поправам диетата само малку“, а јас секогаш наоѓав изговори дека не ми треба. Бев убедена дека се хранам здраво, а со сето тоа го постев секој пост. На крајот сфатив дека сакам промена, и се јавив и заедно направивме план според кој јадам. Со оглед на тоа што обожавам месо и салата, на тоа се заснова и мојата исхрана – истакна пејачката.

Таа објаснува како течела програмата за слабеење.

 Првата недела ми беше најтешка бидејќи е многу важно во кое време јадам. Не ми беше лесно да ги балансирам времето на оброците со моите работни обврски. Имено, помеѓу оброците мора да поминат најмалку три до четири часа. Но, после тоа сè помина без проблеми. Се навикнав на таа диета и сега не знам како поинаку би го направила тоа. Кога ми доаѓа да јадам нешто слатко, го јадам, но по рецепт на нутриционистот. Верувале или не, постои рецепт за здрав овошен пудинг. Исто така, важно е да се биде умерен во сè- објаснува Цеца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.