Поранешната мисица, сега пејачка, Кристина Димитровска – Кристина Димитри, за „Бекстејџ“ открива дека го очекува своето второ дете.
Епа ете, останав бремена, сега сум трет месец, вели таа на прашањето зошто ја нема во јавноста во последниот период.
View this post on Instagram
Таа на „Инстаграм“ го крие лицето на нејзиниот нов животен партнер, со кого сега го очекува новото бебе
Кристина со пораншениот сопруг Даниел Кајмакоски го добија синчето Давид во февруари 2017 година, а се разделија во 2019 година.
Лани во емисијата „Ти реков ми рече“, каде зборуваше за животот како самохрана мајка, откри дека нејзиниот син Давид се нема сретнато другиот син на Кајмакоски, кој пејачот го доби со новата сопруга.
Не, Давид нема полубрат, нема брат. Фамилијата е таа со којашто растеш, порача таа.
Кристина сподели и дека нејзиниот брат му е како татко на нејзиното синче, дека го носи секаде и поминува многу време со него.
Водителот ја праша Кристина дали Давид се прашува каде е неговиот татко и зошто тој не му помага како вујко му.
Не, не се прашува. Мојот син е израснат со мене, мајка ми, татко ми и брат ми и ние сме негово семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.