Холивудскиот актер Џони Деп го доби судскиот спор против бившата сопруга Амбер Херд која ја тужеше за клевета поради колумната во „Вашингтон пост“ во која таа го обвини за семејно насилство.

Поротата заклучи дека обвинувањата на Херд против Деп не биле целосно докажани и му додели отштета на актерот од 15 милиони долари. Деп ја тужеше Херд за 50 милиони долари.

58-годишниот Деп во текот на неколкумесечниот судски спор тврдеше дека тоа му ја уништило репутацијата и кариерата.

Поранешната холивудска двојка размени сериозни обвинувања за време на судењето, двајцата тврдеа дека биле жртви и на емоционално и на физичко малтретирање.

Херд во колумна објавена од „Вашингтон пост“ во 2018 година напиша дека била изложена на семејно насилство за време на бракот, без да го спомене неговото име. Таа поднесе противтужба и бара отштета од 100 милиони долари поради тврдењата на поранешниот адвокат на Деп, Адам Валдман, дека нејзините наводи за злоупотреба се „измама“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.