Долгонајавуваниот концерт во Швајцарија на 11 март, на кој настапија повеќе наши популарни фолк пејачи заврши неславно, со масовна тепачка во публиката.
Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд беа музичките гости кои ги забавуваа нашинците во Швајцарија, пред да почне големиот неред.
Која била причината за оваа тепачка, за „Фокус” открива музичарот Кристијан Јованов.
Ниту ние точно не знаеме зошто започна се. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во тањир. Тоа е се што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек – вели Јованов.
Појаснува дека инцидентот се случил околу полноќ, по што бил прекинат концертот.
Целиот текст на следниот Линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.