Во специјалното божикно издание на „Нешто конкретно“, Игор Џамбазов отворено зборуваше за карактерот, за животот, квалитетите и за делата на неговата колешка и пријателка Весна Петрушевска, а за книгата „Гол човек“ призна дека му ги вратила сите пари што ги изгубил на коцка.

Раскажа и што сè му остана од големата љубов, која ја опиша како филмска.

Јас имав нешто што во книгите го нема, таква врста на наплив, на љубов, на среќа, на страст… и од сето тоа останаа пар фотографии, неколку поетични размислувања, една песна и спот, но сепак остана нешто, нашето беше баш како на филм – ние сме во најголема љубов ама нема да бидеме заедно, рече тој.

За себе смета дека е личност со најмалку хејтери во Македонија.

Кога можев да одам на одмор на Малдиви 4 месеца јас одев во Пехчево на рибник, а во Дојран можам да живеам со 500 денари на ден, раскажа тој.

Најконструктивна критика во животот ја добива од својата мајка која му рекла: „Тоа што луѓето те познаваат на улица не значи дека си добар глумец“. Го послушал и советот на својот дедо да не се појавува во телевизиските проекти „Македонски приказни“, а неговиот татко ги избришал броевите на сите автори што не дошле на неговата промоција на книга.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.