Пејачот Аца Лукас е приведен во текот на ноќта, бидејќи немал возачка дозвола и поради претходни прекршоци, пренесуваат српските медиум. Според натписите тој тргнал на Копаоник на закажан настап, но бил сопрен од сообраќајни полицајци кај Брус, по што бил одведен на понатамошно испитување.

Од клубот од Копаоник каде требало да настапува соопштиле дека пејачот јавил дека нема да биде пуштен на време за настапот. Неговиот автомобил е фотографиран синоќа пред полициската станица во Брус, каде што е приведен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.