Физички се пресметале двајцата бивши партнери на познатата манекенка Катарина Ивановска. Како што пренесува порталот 24Инфо до инцидент во еден скопски локал дошло меѓу Цобе, првиот партнер и татко на децата на Катарина и Перо Антиќ.

Според написите, Цобе побарал од Антиќ да го напушти локалот, но тој одбил.

Токму поради тоа настанала тепачка, а Цобе сакајќи да го погоди Антиќ со флаши и чаши во полникот клуб погодил трето лице по што реагирало обезбедувањето и го избркало Антиќ.

Перо Антиќ на почетокот од годината ја раскина врската со манекенката Катарина Ивановска, а за тоа проговори малку повеќе во емисијата „Жешко столче“.

Секој прави грешки во животот, така да треба да се научи со грешките и едноставно за мене кога ќе си со некој во врска, треба да сте вие двајца, а да нема попатни уште сто луѓе во таа врска. Ништо не е грешка во животот, се е школа – ако ја повторам таа грешка, ќе биде грешка, рече Антиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.